Развој на бизнисот преку развој на човечките ресурси
Настан
На 04.06. бевме дел од настанот во Прогресив Академија при Винчини, посветен на тема „Развој на бизнисот преку развој на човечките ресурси“.

Имавме чест да го претставиме и нашиот проект Летен Клуб, како препознаена HR практика која успешно ги поврзува средношколците и студентите со реалното работно искуство и ги подготвува за нивните први професионални чекори.
Преку споделување на нашето искуство, разговаравме за важноста на инвестирањето во младите таленти, практичната едукација и создавањето можности за развој.



Благодарни сме за поканата и можноста да бидеме дел од настан кој ја истакнува клучната улога на човечките ресурси во градењето успешни и одржливи организации.