МОЖНОСТ ЗА ДОБИВАЊЕ ГРАНТ ОД ФОНДАЦИЈАТА Д-Р ВЕРИЦА МЕХАНЏИСКА

Фондацијата Д-р Верица Механџиска е поддржана од Компанијата Зегин со цел да ги обедини сите филантропски активности и активности наменети за поддршка на ранливите категории. Во фокус на своето работење, Фондацијата го става подобрувањето на квалитетот на живот на лицата со попреченост особено на лицата со нарушување од аутистичниот спектар.

Фондацијата се застапува и за промени во служба на јавниот интерес и зголемување на социјалната кохезија. Неуморно ги поттикнува и поддржува поединците, компаниите, организациите и донаторите кон преземање акции за општото добро.

Во таа насока е и развојот на програма за грантирање, каде Фондацијата со минимум 3 гранта ќе поддржи минимум 3 различни проекти, и тоа:

  • Истражувачки проект поврзан со сознанија за нарушувањето од спектарот на аутизам
  • Проект насочен кон иновативен пристап/иновативно решение/иновација во надминување на предизвиците на лицата со аутизам.
  • Проект поврзан со подобрување на квалитетот на живот на лицата со аутизам.

Грантот кој ќе се доделува за секој проект не може да надминува 10.000 ЕУР (615.000 МКД), а целокупниот износ на финансиски средства кој е на располагање во рамките на овој повик за грантови изнесува 30.000 ЕУР (1.845.000 МКД).

Во пакетот за аплицирање ги имате сите информации и формулари потребни за успешно поднесување на апликација.

Рокот за поднесување на апликацијата е 28 мај 2026 година, најдоцна до 15:00 часот (македонско време). Апликациите треба да се достават исклучиво на следнава е-пошта: info@fvm.com.mk како единствена е-порака со наслов: „Повик за апликации за доделување на грантови“.

Важни документи за аплицирање:

Упатство за аплицирање

Формулар за аплицирање

Прилог 1-Буџет

Прилог 2-Изјава од носител на апликација

Прилог 3-Изјава од ко-апликант

 

ПОКАНА ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДА за набавка на стоматолошка и медицинска опрема

14/05/2026

 

Почитувани,
ФОНДАЦИЈА Д-Р ВЕРИЦА МЕХАНЏИСКА Скопје има потреба од набавка, испорака, монтажа, пуштање во употреба и обука за користење на стоматолошка и медицинска опрема, согласно техничките спецификации во прилог.
Предмет на набавка:
1. Дентална единица – стоматолошки стол LOT 1 со количина 1
2. Мобилен дигитален РТГ апарат за интраорални снимки со дигитален интраорален сензор LOT 2 со количина 1
3. Автоклав Б класа LOT 3 со количина 1.

Понудата задолжително треба да содржи:
1. Финансиска понуда по LOT во наведената excel форма;
2. Техничка спецификација на понудениот модел;
3. Производител и земја на потекло;
4. Каталог/брошура од производител;
5. Маркирани технички карактеристики со кои се докажува исполнување на бараните услови;
6. Потпишани Обрасци за техничка усогласеност, во word форма наведени во прилог;
7. Рок на испорака, од денот на потврда на понудата да се испорачаат и монтираат во рок од 50 – 55 дена;
8. Гарантен рок (минимум 2 години);
9. Обезбеден сервис и техничка поддршка во Р.С. Македонија;
10. Ценовник и достапност на потрошен материјал и дали има локален лагер;
11. Вклучена монтажа, пуштање во употреба и обука;
12. Цена без ДДВ и цена со ДДВ;
13. Услови и рок на плаќање;
14. Рок на важност на понудата;
15. CE сертификат / ISO сертификат или еквивалент за медицинска опрема;
16. Изјава дека опремата е нова и неупотребувана;
17. Референтна листа, особено за понудениот модел, каде претходно го имаат продадено.

 

Дополнително:
• Понудувачот е должен да изврши целосна инсталација и функционално тестирање на опремата.
• Транспортот во Скопје до локација, испораката и сите зависни трошоци треба да бидат вклучени во цената.
• Првото отпакување и пуштање во употреба да се изврши во присуство на претставници на договорниот орган.
• Понудувачот да обезбеди резервни делови и сервисна поддршка минимум 5 години од испораката.

Критериум за избор:
Најповолна економска понуда согласно:
• цена;
• квалитет и технички карактеристики;
• гарантен рок;
• обезбеден сервис;
• рок на испорака;
• референтна листа и искуство.

Понудите да се достават во затворено плико, адресирани на адреса:
До ФОНДАЦИЈА Д-Р ВЕРИЦА МЕХАНЏИСКА Скопје
Бул. 8 Септември бр. 40, кат 1
1000, Скопје
Со ознака: за сектор индиректни набавки Маја Котеска Дончовска
Рок за доставување на понуди: 04.06.2026 година четврток до 15 часот
ФОНДАЦИЈА Д-Р ВЕРИЦА МЕХАНЏИСКА Скопје го задржува правото:
• да не изврши избор;
• да побара дополнителни појаснувања;
• да побара презентација/демонстрација на опремата;
• да изврши поделба на набавката по делови;
• да не ја набави целокупната количина.
Со почит,
ФОНДАЦИЈА Д-Р ВЕРИЦА МЕХАНЏИСКА Скопје

Прилог на техничка спецификација за бараната опрема и документација:

2. LOT 1 Техничка спецификација- Стоматолошки стол

3. LOT 2 Техничка спецификација – Мобилен дигитален РТГ апарат за интраорални снимки со дигитален интраорален сензор

4. LOT 3 Техничка спецификација – автоклав

5. Понуда за опремата – ја пополнува Добавувачот

6. Фондација Договор за набавка на стоматолошка опрема

7. Фондација Обрасци за техничка усогласеност и прием

ФОНДАЦИЈА Д-р ВЕРИЦА МЕХАНЏИСКА

Хуманоста како гранка која е карактеристична за компанијата Зегин уште од самите почетоци и која продолжува да расте и да се развива.

Резултат на сето тоа е основање на Фондацијата Д-р Верица Механџиска која продолжува и понатаму со хуманата мисија да помага онаму каде што е најпотребно, следејќи ги чекорите и визијата, добрината и хуманоста кои самата Д-р Верица Механџиска ги поседуваше.

Во фокус на своето работење, Фондацијата го става подобрувањето на квалитетот на живот на ранливата категорија на лица. Со тоа во јавноста се испраќа важна порака, дека со заедничко вклучување на сите хумани поединци и компании се придонесува кон создавање на позитивни промени и вредности за заедницата во целост.

Фондацијата континуирано донира во болници и медицински установи, за потребите на медицинскиот кадар или на пациентите, социјално загрозени семејства, разни организации и здруженија и на сите оние на кои им е потребна подадена рака.

Реализирани проекти:

  • Долгогодишна и континуирана соработка со СОС Детско село;
  • Помош за отварање на Сензорна соба во ООУ „Ѓорче Петров”;
  • Скопје – активност на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран, спроведено од Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор”.
  • Секоја година традиционално се обезбедуваат награди во вредност од 15.000 денари за сите оние кои ќе го фатат светиот крст во преку 70 општини во земјата за големиот Христијански празник – Водици. 
  • Организирана хуманитарна трка на 09.06.24 под името „Зегин Спектратон” со мото “Трка на херои во сите бои” и вкупно донирани 65.000 евра за реконструкција на првиот Социјален клуб за адолесценти со аутистичен спектар. 
  • „Фондацијата д-р Верица Механџиска” донираше за одржуување на дванаесеттата балканска конвенција за млади кои го победиле канцерот. Истата е во организација на здружението САНО и се одржа во 2024 година во Струга во одморалиштето “Солферино”
  • Организиран конгрес на кои учестуваа и го споделија своето знаење реномирани доктори од различни области и држави, со богата 3 дневна програма и пренос во живо под името “Заедно за спектар на можности”, како дел од големата кампања на Зегин и Фондација д-р Верица Механџиска за лицата со аутизам и АДХД. Во рамки на конгресот Фондација д-р Верица Механџиска, ја организираше самостојната изложба на младиот Филип Циглењак – дете со аутизам.
  • Дониција на Универзитетката клиника за детски болести – оддел за Психофизиологија, потребни материјали и помагала за пациентите на одделот
  • Донирани новогодишни пакетчиња за најмалите во: „Клиника за детска хирургија – Скопје”, „Крвен крст” – донација за крводарителите во Домот на Култура во Градско, здружение „Заедно Посилни” – донаторска забава на Светскиот ден на СИДА, „Универзитетска клиника за детски болести” – оддел за Психофизиологија, донација по повод Меѓународен ден на лицата со попреченост во паралелка за деца со Аутизам во Струмица, здружение „Една Може”, поддршка на Бадников хепенинг во с. Стојаково – Општина Богданци, „Центар за рехабилитација на патологија на вербална комуникација” – Скопје, „Дневен центар за лица со ментална и телесна попреченост и Дневен центар за деца со Аутизам”, дечиња од социјално загрозени семејства и останатите индивидуални донации за сите оние на кои им беше потребно.
  • Донација на хипербарична комора во Кочани за лицата кои се лекуваат по трагичниот настан во Кочани 2025.
  • Огранизирана втора едиција од трката „Зегин Спектратон – Трка на херои во сите бои”, каде беа собрани 60.000 евра за ЈЗУ Центар за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација ќе биде дониран Апарат Transcranial Magnetic Stimulation TMS M50 Ultimate за подобрување на социјалната интеракција и комуникациски вештини, намалување на стереотипни и ригидни обрасци на однесување, намалување на сензорната хиперсензитивност и подобрување на когнитивната флексибилност и извршните функции, за ЈЗУ Клиника за детски болести ќе бидат донирани средства за реновирање и докомплетирање на просториите за одделот за психофизиологија наменети за третман на децата со аутизам, за здружението “Рубико” од Кочани ќе се донираат средства за нова сензорна соба. Рубико е центар кој нуди стручна логопедска, дефектолошка, педагошка и психолошка поддршка за деца и возрасни со посебен фокус на работата со деца со аутизам и сензорни нарушувања, за здружението Сина Светулка ќе бидат донирани средства за поддршка на програма за рана проценка на нарушувања од аутистичниот спектар. Здружението работи на полето за подобрување на квалитетот на животот на лицата со аутизам и нивните семејства, подигнување на свеста за потенцијалот преку едукација и директна поддршка на децата и возрасните со аутизам.
  • Поддршка на инклузивен планинарски настан – „Сите сме на планина”.
  • Спонзорство за издавање на книгата „Другарка, другарко и две маченца” на Денис Јанкуловски.
  • Компанијата „Зегин“ и Фондацијата „Др. Верица Механџиска“ донираше на в.д. директорката на Општа болница со проширена дејност Кочани, комбинирана маса за вежбање за потребите на медицинската рехабилитација, како и 200 респиратори за вежби за белите дробови.

 

📌📢 Важна информација

Во рамки на кампањата „Херои во сите бои“, во вашиот град се реализира средба на која ќе разговараме за истражувањата, иновациите и надминувањето на предизвиците поврзани со нарушувањето од спектарот на аутизмот.

Овие средби се реализираат како дел од активностите на Фондацијата „Д-р Верица Механџиска” и „Зегин” и имаат за цел да придонесат кон поинклузивно и поправедно општество.

На средбите врвни експерти од државата ќе споделат информации поврзани со аутизмот, а ќе има можност и за прашања и одговори.

Ве покануваме да ни се придружите на овие средби, каде освен можноста да слушнете корисни информации ќе можеме заеднички да придонесеме кон подигнување на јавната свест за нарушувањата од спектарот на аутизмот.

Доколку имате дополнителни прашања обратете ни се на: info@fvm.com.mk. 

Датумите и градовите ги објавуваме на нашиот инстаграм профил: fondacija.dr.vericamehandziska.