Зегин е компанија прогласена за најпосакуван работодавач во фармацевтската индустрија – категорија Аптеки
Настан
Пред над 350 присутни гости – бизнис лидери, HR професионалци и претставници на дипломатскиот кор – беа доделени наградите за најпосакуваните компании за вработување, избрани со гласови од јавноста.

На настанот беа доделени и награди за најпоскаувани работодавачи по индустрии, каде Зегин ја зема наградата за најпосакуван работодавач во категоријата Аптеки.

Наградата ја прими Христина Механџиска Георгиевска, косопственичка на компанијата Зегин, која ја посвети наградата на сите вработени во компанијата, истакнувајќи дека мотото на Зегин – “Од задоволен вработен, до задоволен купувач” е клучниот двигател кој ја води компанијата кон уште поголеми успеси и резултати.
