ЛЕТЕН КЛУБ ’26 – Лето исполнето со знаење, искуство и нови можности
Проект
Летото во Зегин и оваа година беше посветено на младите, нивниот потенцијал и првите професионални чекори.
Младите фармацевти и фармацевтски техничари имаа можност да бидат дел од една поинаква практична приказна – Летен Клуб ’26, програма креирана за стекнување практично искуство, развој на вештини и запознавање со реално професионално работење.
По успешната прва генерација, оваа година Летен Клуб продожи со уште поголем број активности, нови содржини и можности за учење и развој.
За време на летните денови, нашите практиканти имаа можност да се запознаат со секојдневното работење во Зегин, да стекнат практични знаења и вештини, но и да учат од искусни професионалци и ментори. Преку директна вклученост во работните процеси, тие имаа можност теоретското знаење да го поврзат со реални ситуации и предизвици.
Но, Летен Клуб ’26 не беше само пракса, програмата опфати и активности посветени на личниот и професионалниот развој – обуки за меки вештини, работилници, интерактивни активности, споделување искуства и дружење.
Посебен акцент ставивме на развивањето на комуникациските и тимските вештини, преземањето иницијатива, одговорноста, организацијата и самодовербата – компетенции кои се важни за секој млад човек кој го прави својот прв чекор кон професионалниот свет.
Летен Клуб ’26 е нашата инвестиција во младите и во нивниот потенцијал.
Горди сме на секој учесник кој ова лето направи чекор напред, се соочи со нови предизвици, стекна нови знаења и нови пријателства.
До следното лето – продолжуваме да растеме, да учиме и да создадеме нови можности за младите. 💙



