Зегин Онлајн – победник на E-commerce Awards во категорија најдобра е-продавница за здравје, нега и убавина во 2023 година

15.03.2024

Во организација на Асоцијацијата за Е-трговија на Република Северна Македонија, се одржа E-commerce Awards, избор на најдобрите во македонската е-трговија!


Компанијата Зегин со е-продавницата www.zegin.com.mk беше номинирана во неколку категории, а го освои првото место во категоријата ”Најпопуларна е-продавница за здравје, нега и убавина”, што претставува уште една потврда дека квалитетот, професионалноста, вложениот труд и љубов секогаш резултираат со успех.


Изборот на најдобрите е-трговци има за цел да ги препознае и награди најдобрите со што ќе придонесе за мотивација и охрабрување за уште подобра работа, да ја крене свеста за потенцијалот, да ја промовира е-трговијата, како и да ја зајакне конкурентноста и да охрабри унапредување на работењето кај постојните и идни е-трговци.


Уште еден доказ за успешноста на работењето на онлајн продавницата на Зегин – www.zegin.com.mk е токму оваа награда, трета по ред и претставува одлична мотивација за уште попосветена работа, поквалитетна понуда, како и позадоволни купувачи во иднина.