Талент програма

  • Биди АМБАСАДОР за здравје
  • Постави СТАНДАРД во фармацијата
  • Биди дел од РАЗВОЈ во професијата
  • Учествувај во ПРОМОЦИЈА на улогата и одговорноста пред заедницата

Биди ИН во ЗегИН!

Види повеќе

ПРАКТИКАНТСТВО И СТАЖИРАЊЕ

Со цел да им помогнеме на младите при изборот на квалитетна и практична програма, како и идно вработување во компанијата Зегин, започнуваме со воведување на практикантска програма како дел од проектот Зегин Младина.

Види повеќе
Section Image

Работно воведување

Работното воведување на новите вработени претставува процес на обезбедување насоки, инструкции и едукација на луѓето кои неодамна почнале со работа во Зегин. Компаниската структура, култура, процедури за работа, работни обврски, алатките за работа и луѓето со кои ќе работат, се дел од насоките што ќе ги добијат новите вработени, со цел полесно и побрзо прилагодување на новото работно место.

Види повеќе
Section Image

Гемификација

Учење преку игра – уникатна можност за нововработените да стекнат знаење преку иновативен начин на учење, а постоечките вработени континуирано да го надоградуваат своето знаење од практичната работа.

Види повеќе
Section Image

Менторска програма

„Мој Ментор” – секојдневна поддршка и комуникација со професионалци кои се посветени на успехот и кои несебично го споделуваат своето знаење преку обуки наменети за новите вработени. Главна цел е да постигнеме правилно насочување на нововработените од страна на менторот кој ќе го следи нивниот развој.

Види повеќе
Section Image

Тренинг центар

Сертифицирани академии и обуки кои се спроведуваат од страна на наши вработени со долгогодишно искуство во фармацевтската индустрија кои претставуваат можност за новите вработени да се запознаат со последните трендови и промени во фармацијата.

Види повеќе
Section Image

Стипендии

Фондацијата Д-р Верица Механџиска има значајна улога и непроценлива вредност во целокупноста на компанијата Зегин.

Секојдневната поддршка на стручните лица во фармацијата и усовршувањето на нивните знаења е од круцијално значење за општеството и нашите потрошувачи. Поради тоа фондацијата Д-р Верица Механџиска доделува целосни стипендии за преквалификација на асистенти за продажба и дошколување на фармацевтски техничари, кои ги исполнуваат условите да го полагаат државниот стручен испит за официјално да се стекнат со назив „Фармацевтски Техничар” со уверение.

Види повеќе
Section Image

Можност за вработување

Работењето во Зегин им нуди можност на сите вработени да се стекнат со искуство и да ги развиваат своите вештини во една модерна организација која брзо се менува и која влијае на целото општество. Зегин ја буди иницијативата на вработените постојано да учат нешто ново поврзано со фармацевтската индустрија, активно да земат учество во работната средина споделувајќи креативни идеи за работењето во една стимулативна и поддржувачка средина.

Види повеќе
Section Image

ПРОГРАМА ЗА БЛАГОСОСТОЈБА НА ВРАБОТЕНИ

Грижата за вработените и благосостојбата на вработените е еден од главните постулати и вредности на компанијата.

Нашата цел е вработените да бидат постојано задоволни и мотивирани во своето работење, постојано ги следиме потребите на вработените и континуирано воведуваме бенефити кои ќе влијаат на благосостојбата на вработените.

За програмата

Моја Кариера Моја Иднина

Програмата ,,Моја Кариера Моја Иднина” е посебен дел од талент програмата ЗегИН Младина и истата има за цел унапредување на вработени кои во својот кариерен развој во компанијата Зегин се стекнале со повисока работна позиција и можност за усовршување. Акцентот на оваа програма е ставен врз лидерството како основа за градење на стабилни тимови со голем потенцијал, тимови кои ќе носат резултати и ќе влијаат на тоа Зегин да остане лидер на пазарот.

Види повеќе