Отворен ден на Фармацевтски факултет при УКИМ и Фaкултет на медицински науки, студиска програма фармација при Универзитет „Гоце Делчев”- Штип

06.02.2024

Ни претставува голема чест и задоволство да Ве известиме дека на 03.11.2023 (петок) и 28.11.2023 (вторник), Компанијата Зегин одржа настан на Фармацевтски Факултет при УКИМ како и на Факултетот за медицински науки во Штип – за студентите на студиската програма фармација, каде што ја претстави својата нова кариерна програма специјално креирана за студентите и нивниот раст и развој.

Зегин отсекогаш била компанија која се грижи за своите вработени. Наша цел е да создадеме пат за студентите и да го поддржуваме нивниот процес на надградување низ различни програми наменети само за нив, како што се: „Практикантска програма”, „Стипендии”, „Мој Ментор”, „Моја кариера – Моја иднина” и „Гемификација”- како нова уникатна акпликација наменета за брз и интересен начин на учење и запознавање со фармацевтската индустрија.

Благодариме на Фармацевтскиот факултет и на студентите кои ни овозможија да го организираме овој настан и на кој му дадоа значење и смисла.👩‍⚕️👨‍⚕️