Даруваме од срце – Новогодишни и Божиќни донации
Пост
Празниците носат радост, мир и многу желби за добро здравје и убава иднина.
Но, празниците се и време за дарување од срце, за уште поголеми насмевки и радости,особено кај најмалите.
Компанијата Зегин традиционално ја затвори годината со дарување и поддршка. Во 2024 година Зегин поддржа различни здруженија и индивиуалци, овозможувајќи многу насмевки бидејќи секој заслужува радосен почеток на новата година и празници поминати во мир, љубов и пред сѐ добро здравје.
Беа донирани новогодишни пакетчиња за најмалите и се разбира витамини и суплементи и тоа во: „Клиника за детска хирургија – Скопје”, „Крвен крст” – донација за крводарителите во Домот на Култура во Градско, здружение „Заедно Посилни” – донаторска забава на Светскиот ден на СИДА, „Универзитетска клиника за детски болести” – оддел за Психофизиологија, донација по повод Меѓународен ден на лицата со попреченост во паралелка за деца со Аутизам во Струмица, здружение „Една Може”, поддршка на Бадников хепенинг во с. Стојаково – Општина Богданци, „Центар за рехабилитација на патологија на вербална комуникација” – Скопје, „Дневен центар за лица со ментална и телесна попреченост и Дневен центар за деца со Аутизам”, дечиња од социјално загрозени семејства и останатите индивидуални донации за сите оние на кои им беше потребно.
„Донациите се традиционални активности кои нѐ отсликуваат како компанија, и понатаму ќе продолжиме да ги правиме секоја година бидејќи тие не само што усреќуваат други лица, нѐ прават горди и нас како компанија. Сите да останат во добро здравје е наш прв приоритет секој ден од годината.” – Ни изјавија од Зегин.
Од компанијата потврдуваат дека овој тренд ќе продолжи и во Новата година, во која како и досега со нивна помош ќе се реализираат многу проекти за помош на семејства, установи, организации и здруженија, ќе се поддржуваат спортски и културни настани, ќе се создаваат нови пријателства и соработки кои ќе траат и ќе сведочат дека заедно можеме да постигнеме повеќе.
Компанијата Зегин е позната по својата општествено одговорност, а со своите хумани дела и донации има за цел да испрати силна порака и до останатите компании и поединци дека општествената свесност и одговорност е важен дел од секое општество, од секоја заедница.