Друштвото за развој на човечки потенцијал Хоризонт Интернационал одржа обука на нашите вработени

07.03.2024

На 17.02.2024 и 18.02.2024 во просториите на Зегин Дирекција се одржа обука за нашите медицински претставници на тема ,,Вештини на успешна продажна комуникација”.

Имавме чест нашите вработени да прусуствуваат на обуката одржана од страна на ”Друштвото за развој на човечки потенцијал Хоризонт Интернационал” – компанија која ја сочинуваат млади, врвни организатори, тренери и специјалисти кои работат со светски експерти.

Оваа обука, вклучувајќи ги ХР Бизнис партнерите се одржа со цел создавање на врвни лидери и вработени со развиени вештини, знаења и ставови во согласност со светските трендови и потреби за нашата компанија.

Обуката ја одржа реномиран тренер од Хрватска со долгогодишно искуство и значајни кариерни успеси во оваа област.

Интерактивниот тренинг кој беше одржан во вид на работилници кои вклучуваат вежби, дискусии и теоретско знаење во рамки на искуството, остави силен впечаток и направи значајна позитивна промена кај присутните.