Новогодишни донации
Настан
Како за крај на годината, компанијата ЗЕГИН ги израдува најмалите. Празниците носат радост, мир и многу желби за добро здравје и убава иднина. Но, празниците се и за дарување од срце, за уште поголеми насмевки и радости, особено кај најмалите.
Изминативе денови во духот на празничната магија, компанијата Зегин донираше новогодишни пакетчиња за дечиња од социјално загрозена категорија, а со пакетчиња ги израдува и лицата во Дневните центри за лица со аутизам и ментална или телесна попреченост. Со помош на компанијата Зегин во печат излезе сликовницата “Чудесната Џунгла” на писателката Наташа Поповска, за која е издадена и аудио книга за лицата со оштетен вид. Средствата од продажбата на сликовницата и аудио книгата ќе бидат целосно наменети за кардиолошкиот оддел при Детската Клиника во Скопје. Воедно, компанијата Зегин донираше и новогодишни пакетчиња за децата кои моментално престојуваат на Одделот за детска кардиологија и пулмологија. На новогодишни пакетчиња се израдуваа и дечињата на самохрани родители од здружението One Can, како и дечињата од Центарот за рехабилитација на патологија на вербалната комуникација од Заводот за слух, говор и глас – Скопје.
Од компанијата потврдуваат дека овој тренд ќе продолжи и во Новата година, во која како и досега со нивна помош ќе се реализираат многу проекти за помош на семејства, установи, организации и здруженија, ќе се поддржуваат спортски и културни настани, ќе се создаваат нови пријателства и соработки кои ќе траат и ќе сведочат дека со заеднички заложби може да се постигне повеќе. Компанијата Зегин е позната по својата општествена одговорност, а со своите хумани дела и донации има за цел да испрати силна порака и до останатите компании и поединци дека општествената свесност и одговорност е важен дел од секое општество, од секоја заедница.