Регионална средба во вашиот град (заедно ги надминуваме предизвиците од аутизмот)
Проект
Во рамки на кампањата „Херои во сите бои“, во вашиот град се реализира средба на која ќе разговараме за истражувањата, иновациите и надминувањето на предизвиците поврзани со нарушувањето од спектарот на аутизмот.
Овие средби се реализираат како дел од активностите на Фондацијата „Д-р Верица Механџиска” и „Зегин” и имаат за цел да придонесат кон поинклузивно и поправедно општество.
На средбите врвни експерти од државата ќе споделат информации поврзани со аутизмот, а ќе има можност и за прашања и одговори.
Ве покануваме да ни се придружите на овие средби, каде освен можноста да слушнете корисни информации ќе можеме заеднички да придонесеме кон подигнување на јавната свест за нарушувањата од спектарот на аутизмот.
Доколку имате дополнителни прашања обратете ни се на: info@fvm.com.mk.
Датумите и градовите ги објавуваме на нашиот инстаграм профил: fondacija.dr.vericamehandziska.