Наградно патување во Италија за вработените во Зегин
Пост
Мотивацијата значи грижа, внимание и препознавање на трудот и посветеноста. За компаниите тоа може да е малку но за вработениот претставува желба за понатамошна доверба и желба за успех.
Како резултат на секојдневната работа и посветеност, компанијата Зегин награди 15 најдобри вработени одбрани според резултат постигнат за изминатата 2023 година со шест дневно патување во Италија – Тоскана и Чинкве Тере. Можност за учество имаа вработените од малопродажба – аптеки, магацин – логистика, онлајн шоп и комерција.
Зегин изразува огромна благодарност до сите колеги а посебно до оние кои имаа можност да го освојат ова наградно патување, бидејќи на тој начин може да се направи прецизна евалуација на оние кои секојдневно го насочуваат своето знаење на еден квалитетен, етички и емпатичен начин, токму онака како што доликува на компанијата.
Во продолжение може да ги видите кратките тестимонијали од вработените поврзани со ова патување.