Зегин ДОО е директен и ексклузивен увозник на лекови, додатоци во исхрана и козметички производи од реномирани светски брендови.
Компанијата Зегин е една од најголемите и најуспешните во Република Северна Македонија, со најдобра инфраструктура и најширока дистрибутивна мрежа.
Во своето тридецениско постоење (од 1989 година), Зегин стана лидер на македонскиот пазар и соработува со врвни светски брендови кои се професионалци со квалитет, бидејќи тоа е она што за Зегин е од клучно значење.
Денес, Зегин брои близу 200 аптеки и секојдневно им нуди грижа, посветеност, помош и квалитет на своите пациенти.
Ние сме дел од растот на компанијата, проактивно делуваме во развојот и постојаните промени ги користаме како можност за воведување иновации за континуираниот раст и развој на нашата компанија.
Ентузијазмот и желбата не водат секогаш да бидеме најдобри во тоа што го работиме. Почитта и интегритетот се нашите вредности со кои преку посветеност и проактивност постигнуваме најдобри разултати.
Ги поддржуваме највисоките етички стандарди и интегритет во сите аспекти во работењето, поттикнуваме доверба и кредибилитет меѓу пациентите и партнерите.
Зегин Младина претставува еден сосема поразличен и уникатен систем за вработување на кандидатите, нов начин за стекнување на искуство и знаење, унапредување на вештините на кандидатите со или без работно искуство.
Уникатноста на платформата Зегин Младина се одликува со учење и воведување во работата, надоградување на вештините преку најразлични обуки и тренинзи, забавно учење на работниот материјал преку платформа од забавен карактер наречена Гемификација, како и дополнително наградување на оние со најдобри резултати.
Сите наши кандидати за врботување добиваат еднаква шанса и можност да бидат дел од фармацевтската индустрија, даваме можност подобро да го разберат фармацевтскиот пазар и да се запознаат со нашите стандарди за работа. Нашиот главен фокус се вработените, кои ја носат најблагодарната улога во заедницата – одговорно да влијаат врз подобрување на здравјето на сите потрошувачи.
Хуманоста како гранка која е карактеристична за Зегин уште од самите почетоци продолжува да расте и да се развива.
Фондацијата Д-р Верица Механџиска продолжува и понатаму со хуманата мисија да помага онаму каде што е најпотребно, следејќи ги чекорите, визијата, добрината и хуманоста кои самата Д-р Верица Механџиска ги поседува.

07.03.2024

06.02.2024

22.02.2024

11.03.2024
Денеска во хотел Александар Палас, по 12ти пат се одржа FMCG Summit кој повторно ги собра највлијателните професионалци од индустријата. Сите присутни имаа можност да слушнат интересни предавања и говорници кои се движеа во насока на нови перспективи, нови партнерства и нова визија за иднината на FMCG индустријата.🌟
Компанијата Зегин оваа година се појави во улогата на Retail Partner.
Во рамки на настанот се доделуваа и признанија – Избор на најдобар во категорија Менаџер на компанијата - во оваа категорија признанието го доби нашата колешка Нена Трајковска - менаџер за развој, додека пак во категоријата Наши Херои - избор на најдобар вработен од продажен персонал признанието го доби Билјана Виларова - дипломиран фармацевт од Аптека Зегин Фарм - подружница Велес 2.🏆
Во време на брзи промени, дигитална трансформација и еволуирачки потрошувачки навики, Самитот обезбедува простор за значајни разговори, релевантни сознанија, практични искуства и идеи што создаваат вистинска деловна вредност.💙
„Традицијата продолжува. Иднината започнува со знаење.“💙
И оваа година доделуваме 14 стипендии за идните генерации фармацевти! 📢
Вчера на Фармацевтскиот факултет при УКИМ, ги запознавме студентите со условите и можностите за стипендирање, како и со поддршката што ја нудиме за нивниот професионален развој и градењето успешна кариера во нашата компанија.
Посебна вредност на средбата пред студентите и дадоа нашите двајцата стипендисти, Љубица Иљачева и Бојан Јовески кои успешно ја започнаа својата професионална приказна кај нас и со радост го споделија своето прво работно искуство.
Во партнерство со Фармацевтскиот факултет, ја продолжуваме традицијата на доделување стипендии, верувајќи дека највредната инвестиција е онаа во младите генерации. Во нивниот потенцијал. Во нивната иднина. Во генерациите што ќе ја унапредуваат фармацијата и грижата за здравјето.⚕️
Изразуваме искрена благодарност до Фармацевтскиот факултет, Проф. д-р Јасмина Тониќ Рибарска и Проф. д-р Зоран Стерјев за партнерството и заедничката посветеност во поддршката на студентите, отворањето нови можности за нивниот професионален развој и вложувањето во нивната иднина.🥼
Веруваме дека со заеднички чекори создаваме можности за новите генерации фармацевти да го остварат својот потенцијал и да придонесат кон подобра иднина за сите нас.✨
Зегин ВРАБОТУВА 📢⚕️
Во потрага сме по Фармацевт со лиценца и Фармацевтски техничар со уверение. 🥼
📍Охрид
Охрабрете се и аплицирајте на следниов 🔗линк: zegin.fledgehr.com/zegin/jobs
Драги студенти, се гледаме на Фармацевтскиот факултет! 🎓
Зегин, преку Фондација д-р „Верица Механџиска“, и оваа година доделува 14 стипендии за студенти.
Ве покануваме да дознаете повеќе за условите и начинот на аплицирање, да поставите прашања и да слушнете искуства од минатогодишните стипендисти, денес наши колеги.
📅 27.10.2026, во 13:30 часот
📍 Фармацевтски факултет при УКИМ, предавална 2
Ве очекуваме!
Error: Error validating application
Благодарејќи на упорноста, тимската работа, постигнатите резултати, искрените соработки и мисијата како наша главна цел Зегин е компанија што секојдневно расте и се проширува.
Денес Зегин брои повеќе од 175 аптеки ширум цела држава, со преку 1300 вработени.