Зегин со три значајни награди на e-commerce awards 2025 во Македонија 🏆

16.03.2026

Зегин онлајн блесна на јубилејното издание на E-commerce Awards 2025, освојувајќи прво место за најдобра е-продавница за убавина, нега и здравје, второ место за е-трговец со најдобра достава и признание за најдобра промоција на беџот за верификуван е-трговец, со што повторно се позиционира меѓу најдоверливите е-продавници во Македонија. Доделувањето се одржа на 11 март 2026 во ресторанот Park by Ragusa во Скопје, каде беа прогласени победниците од 38 награди во 18 категории.

Што претставуваат наградите E-commerce Awards 2025? 🥇

Овие награди се најпрестижната иницијатива на Асоцијацијата за е-трговија на Северна Македонија – AETСM за признавање на врвните онлајн продавници во земјава. Изборот се базира на 36.000+ гласови од јавноста и оценките на 13-члена жири комисија од експерти, што гарантира објективност и релевантност за македонските потрошувачи кои бараат сигурна е-трговија за убавина, нега и здравје. Токму оваа комбинација ја прави наградата силен показател за довербата на корисниците и квалитетот на е-трговските услуги.

Кои награди ги освои Зегин на e-commerce awards 2025

На e-commerce награди 2025, Зегин освои три значајни признанија кои ја потврдуваат довербата на клиентите и континуираниот развој на нашата онлајн продавница.

  • 🥇 Прво место – најпопуларна е-продавница за убавина, нега и здравје (по трет пат освоена награда)
  • 🚚 Второ место – е-трговец со најдобра достава
  • ⭐ Признание – најдобра промоција на беџот за верификуван е-трговец

Овие резултати покажуваат дека корисниците ја препознаваат сигурноста, широкиот избор на производи и квалитетната услуга што ја нуди Zegin e-commerce платформата.

Прво место за најпопуларна е-продавница за убавина, нега и здравје 🥇


Доверба од илјадници корисници

Зегин онлајн е прогласен за апсолутен лидер во категоријата е-продавница за убавина, нега и здравје за 2025 година. Ова признание одразува доверба од илјадници купувачи кои секојдневно избираат широк асортиман на козметикапроизводи за бебиња и деца, здрава, органска и безглутенска храна, производи погодни за веганипроизводи за секојдневна здравствена поддршка (додатоци на исхрана, ОТЦ производи, хербални лекови, медицински средства, лекови без рецепта, гранични производи, ортопедски помагала и слично), директно од удобноста на домот во Скопје и низ цела Македонија.

Корисниците ценат лесна навигација, детални описи, достапност на производите, корисничка поддршка и безбедно плаќање – сè што прави онлајн купувањето на производи за здравје и убавина брзо и безгрижно💙

Второ место за најдобра достава во е-трговијата 🚚

Брза и сигурна испорака низ Македонија

Второто место за е-трговец со најдобра достава потврдува дека ЗЕГИН гарантира брзи и сигурни испораки низ целата територија на Република Северна Македонија. Нарачките се обработуваат ист ден, со опции за достава до дома, работно место, за подарок изненадување, идеално за чувствителни производи како суплементи, креми и бебешки производи кои бараат посебни услови на транспорт.

Оваа награда е директна потврда за логистиката што ги задоволува очекувањата на купувачите кои бараат е-трговија со достава во Скопје за 1-2 часа или низ државата за 1-2 дена.

Нашата цел е секоја нарачка да стигне до клиентите:

  • брзо и навремено
  • безбедно спакувана
  • со точна и сигурна достава

Признание за промоција на беџот „верификуван е-трговец“ ⭐

Зегин доби посебно признание за најдобра промоција на беџот „Верификуван е-трговец“ за 2025. Овој беџ од АЕТСМ значи дека www.zegin.com.mk ги исполнува строгите стандарди за безбедност, транспарентност, политика за поврат и заштита на податоци – клучни за секој што купува онлајн суплемени, бебешки или козметички производи.

Кога го гледате овој беџ на сајтот, значи дека купувате од проверен партнер со гаранција за квалитет и доверба и можете да бидете сигурни дека продавницата:

  • ги почитува правилата за е-трговија
  • обезбедува транспарентни услови за купување
  • нуди сигурна онлајн трансакција
  • ги штити правата на потрошувачите