Зегин со поддршка на големиот празник Водици

21.02.2024

Компанијата Зегин и оваа година, во духот на хуманоста и сплотеноста ја поддржа централната манифестација во Скопје, но и останатите манифестации ширум земјата и обезбеди награди за сите учесници, дарувајќи 65 вредносни ваучери од по 14.000 денари за сите најсреќни кои го фатија светиот крст.

Со тоа Зегин уште еднаш покажа дека е вистински пример за општествено одговорна компанија која постојано вложува во својата средина и општеството.

Уште многу години да го празнуваме празникот Водици!