Кариера

Доколку сте вредни, амбициозни и сакате да ги проширите своите знаења во областа на фармацијата, притоа сте љубители на динамичност и предизвик, Зегин е вистинското место за почеток на вашиот кариерен пат.

 

Како врвна компанија во фармацевтската индустрија се стремиме кон задржување и усовршување на сите наши стандарди за уште поголемо задоволство на нашите потрошувачи.

 

Направете го вистинскиот избор со Зегин!

Види повеќе

Мартин Илиев

Сектор: Малопродажба

„И оваа година, по втор пат, ја добив оваа прекрасна награда и навистина ми беше чест што повторно имав можност да бидам дел од едно вакво искуство. Јас, како и голем дел од колегите, ја одбрав Тоскана – место што инспирира со својата убавина, мир и уметност на живеење. Патувањето ни донесе незаборавни моменти, нови пријателства, дружење, размена на искуства и многу мотивација за понатаму. Голема благодарност до компанијата за довербата и поддршката. Ваквите признанија се вистински поттик да продолжиме со посветеност, ентузијазам и верба во тоа што го работиме.”

Section Image

Емилија Димова

Фармацевт со лиценца – Зегин Фарм Тобако

Благодарение на обуката организирана од компанијата Зегин имав можност да ги надополнам моите знаења и искуства преку предавања во тренинг центарот и онбординг програмата која беше целосно пренесена преку дигитализирана платформа Сфера. Овој процес ми овозможи да се чувствувам посигурно и помотивирано во секојдневната работа во аптека. Искрено сум благодарна за укажаната можност и за стекнатото знаење, кое ќе ми биде од голема корист во понатамошниот професионален развој.

Section Image

Алба Ибраими

Фармацевтски техничар – Моја Аптека Чаир 2

Големо задоволство ми беше да учествувам на обуката организирана од компанијата Зегин. Овој onboarding процес ми овозможи да ги продлабочам своите знаења за производите, што ќе ми помогне да остварам појасна, поедноставна и професионална комуникација со купувачите. Особено го ценам практичниот пристап на обуката, како и обуката преку дигиталната платформа „Сфера” која го направи учењето не само лесно, туку и многу интересно и мотивирачко.

Section Image

Отворени работни позиции

МЕДИЈА