Програма за благосостојба на вработените

Програмата за благосостојба на вработените се состои од:

  • Портофолио на остварени соработки со компании за попусти на вработените;
  • Тим билдинг настани;
  • Едукативни и практични обуки;
  • Учество на симпозиуми на стручниот фармацевтски тим на вработени;
  • Бонусна програма за препораки – „Биди и ти награден за нов член во нашата компанија“;
  • Јубилејни награди;
  • Вредносни наградни ваучери за најдобрите вработени во годината;
  • Новогодишни подароци за децата на вработените;
  • Спортски активности – ја поттикнуваме физичката активност кај вработените преку остварени соработки со спортски фитнес центри;

Нашата цел е да градиме култура на заедништво, тимски да поставуваме една визија и меѓу нас да промовираме посветеност, професионалност и кариерна сигурност.

Зегин е иднината за кариерен развој на сите наши вработени.

Моја Кариера Моја Иднина

Програмата ,,Моја Кариера Моја Иднина” е посебен дел од талент програмата ЗегИН Младина и истата има за цел унапредување на вработени кои во својот кариерен развој во компанијата Зегин се стекнале со повисока работна позиција и можност за усовршување. Акцентот на оваа програма е ставен врз лидерството како основа за градење на стабилни тимови со голем потенцијал, тимови кои ќе носат резултати и ќе влијаат на тоа Зегин да остане лидер на пазарот.

Моја кариера моја иднина