Со цел да им помогнеме на младите при изборот на квалитетна практична програма, како и идно вработување во компанијата Зегин, започнуваме со воведување на практикантска програма како дел од проектот Зегин Младина.
Преку практикантската програма, учениците од средните училишта, студентите и веќе дипломираните млади, имаат отворена можност за запознавање со компанијата преку менторство за можност за вклучување во работните обврски и професионалните услуги што секојдневно се нудат на потрошувачите.
Младите ќе добијат континуирана едукација, како и подобрување на капацитетите за стекнување на професионална етика и успешно воведување во работата, како и создавање на визија во нивниот кариерен пат.
Нашата цел преку оваа програма е да ги доближиме практикантите поблиску до работењето во компанијата, да стекнат практично знаење и да им дадеме можност да бидат дел од традицијата во аптекарското работење со професионална грижа за пациентите/потрошувачите.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови за учество на програмата:
Платената практикантска работа трае од 3-6 (три до шест) месеци и од кандидатите се очекува да се во можност редовно да се присутни на практичната работа.
*практикантската програма ќе се одржува во сите градови, низ цела држава.
Нашиот систем на обука овозможува на практикантот да добие можност да ги научи потребните вештини и знаења кои му се потребни за да се вработи.
Обуката за стажирање е дел од стручно образование и се обезбедува на најпрофесионален начин преку менторство за стажантот да го добие практичното знаење потребно за работа.
Предизвик е да започнете кариера кај нас затоа што нудиме унифициран, креативен и иновативен пристап за стекнување на знаење преку менторска програма и ментори. Учењето од нашите професионалци со високи перформанси и уникатниот начин на учење преку гемификација е привилегија за секој кандидат да се стекне со посакуваните вештини, знаење и искуство за да ја изгради својата кариера.