Награда второ место за Најпопуларна HR-Практика на годината – „HUB#MЛАДИНА”

25.06.2024

17.05.2024 година беше исклучително важен настан за компанијата Зегин.

За првпат компанијата Зегин беше номинирана на конкурс за избор и доделување на HR-награди за 2023 година во организација на Македонската Асоцијација за Човечки Ресурси.

Номинирани во категорија Најпопуларна HR-Практика на годината – „HUB#MЛАДИНА”, каде што бевме второ пласирани.

Платформата е иновативен и уникатен  спој на сите процеси преку еден унифициран веб пристап од брендинг до воведување преку гемификација и менторство,  поддршка во личниот  и кариерниот развој на вработените преку програма за развој, талент програма и следење на резултатите со систем на наградување со патување. Со практиката компанијата Зегин допринесе значително поголема мотивираност и задоволство кај вработените.

Ова признание е доказ за напорната работа на нашите колеги, посветеност и извонреден придонес за нашата компанија. Посветеност за поттикнување на позитивна и продуктивна работна средина не остана незабележана. Исклучителен професионализам и иницијатива во сите дадени напори.