Компанијата Зегин и Фондацијата „д-р Верица Механџиска” со уште една донација
Пост
Денеска компанијата Зегин и Фондацијата д-р Верица Механџиска изреализираа уште една донација. Oвој пат се работи за повеќе елементи наменети за ЈЗУ УК за респираторни заболувања кај децата “Козле”- Скопје, која е специјализирана институција за третман на деца на возраст од 0-18 години. Се донираа единаесет кревети и душеци, дваесет инхалатори и дваесет кутии адаптирана органска формула од козјо млеко од брендот Holle.
Донираната опрема е насочена кон подобрување на удобноста, условите и брзината на третманот на пациентите. Овој придонес директно ќе им користи на напорите на клиниката да го прошири својот капацитет и да обезбеди подобренa грижа за најмладите пациенти кои се подложени на третман.
„2025 година беше навистина интензивна година во полето на донации и помош онаму кадешто е најпотребно. Нашата мисија ќе продолжи и понатаму и се надеваме дека на тој начин ќе ги поттикнеме и останатите општествено одговорни компании да го следат нашиот пример и да придонесат за подобар и поквалитетен живот на целата заедница“, истакнаа претставниците од Фондацијата д-р Верица Механџиска.


Директорката на Клиниката за респираторни заболувања, проф.д-р Катерина Бошковска изрази благодарност за донацијата, нагласувајќи го влијанието што ќе го има и врз пациентите и врз медицинскиот персонал.
Стручните претставници од компанијата Зегин истакнаа дека ова е прва донација за клиниката, но секако не и последна и дека соработката со клиниката ќе продолжи и понатаму а се со цел уште подобри услови за децата кои се нашата иднина.
Оваа иницијатива ја одразува континуираната посветеност на Зегин за зајакнување на здравствената инфраструктура и постојаната поддршка на заедницата.💙
