„Фондацијата д-р Верица Механџиска” и компанијата „Зегин” донираа хипербарична комора во болницата во Кочани

08.07.2025

Повреденото ткиво бара повеќе кислород за да преживее, а кислородот кој се носи преку респираторниот систем не може да влезе во ткиво кое е воспалено или трауматизирано (жива рана), така што хипербаричната кислородна терапија преку концентрираниот кислород под зголемен притисок (во самата хипербарна капсула) овозможува кислородот преку кожата да навлегува во ткивото, а од друга страна преку зголемениот притисок во кој се самите пациенти, овозможува чистиот кислород да навлегува поинтензивно во крвта и на тој начин комплетно да ја менува концентрацијата на кислород во телото. Еден час во хипербарична комора заменува 7-10 дена престој на планина на височина од 1500 до 2000 метри.

Оваа донација ја изврши Фондацијата „Др. Верица Механџиска” и компанијата „Зегин” за лицата кои ја преживеаа трагичната несреќа во Кочани за нивно побрзо закрепнување.