ATG во посета на Зегин

25.11.2023

Денес ATG (Athletic Truth Group) одржа презентација на вработените во Зегин Дирекција. Имено ATG претставува посебен начин на вежбање кој не е поврзан со кросфит, бодибилдинг, итн.
Станува збор за одличен систем наменет за вработени кои претежно имаат работа во седната положба.

Од исклучително значење за Зегин е вработените да водат здрав начин на живот, да се грижат за себе и останатите. Затоа, како компанија се трудиме да го потенцираме значењето на физичката активност која е важен дел за задржување на одлична состојба на менталното здравје.