ФОНДАЦИЈА Д-р ВЕРИЦА МЕХАНЏИСКА

Хуманоста како гранка која е карактеристична за компанијата Зегин уште од самите почетоци и која продолжува да расте и да се развива.

Резултат на сето тоа е основање на Фондацијата Д-р Верица Механџиска која продолжува и понатаму со хуманата мисија да помага онаму каде што е најпотребно, следејќи ги чекорите и визијата, добрината и хуманоста кои самата Д-р Верица Механџиска ги поседуваше.

Во фокус на своето работење, Фондацијата го става подобрувањето на квалитетот на живот на ранливата категорија на лица. Со тоа во јавноста се испраќа важна порака, дека со заедничко вклучување на сите хумани поединци и компании се придонесува кон создавање на позитивни промени и вредности за заедницата во целост.

Фондацијата континуирано донира во болници и медицински установи, за потребите на медицинскиот кадар или на пациентите, социјално загрозени семејства, разни организации и здруженија и на сите оние на кои им е потребна подадена рака.

Реализирани проекти:

  • Долгогодишна и континуирана соработка со СОС Детско село;

  • Помош за отварање на Сензорна соба во ООУ „Ѓорче Петров”;

  • Скопје – активност на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран, спроведено од Фондација за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор”.