Кариера

Доколку сте вредни, амбициозни и сакате да ги проширите своите знаења во областа на фармацијата, притоа сте љубители на динамичност и предизвик, Зегин е вистинското место за почеток на вашиот кариерен пат.

 

Како врвна компанија во фармацевтската индустрија се стремиме кон задржување и усовршување на сите наши стандарди за уште поголемо задоволство на нашите потрошувачи.

 

Направете го вистинскиот избор со Зегин!

Види повеќе

Димитар Китановски

Сектор: Онлајн продавница

„Работам во компанијата 1 година и 7 месеци. Благодарен сум за наградата патување во Италија и признанието што ми го дава Зегин. Ова значи поттик, стимулација и вреднување на мојот труд. Зегин за мене претставува компанија со голем успех во кој се вреднува вработениот.”

Section Image

Тијана Горгиевска

Сектор: Правна

Лидерите кажуваат – “Успешната комуникација во деловниот свет дава УСПЕХ”.

А, успехот е резултат на деловното корпорирање.

Во компанијата Зегин има со и од кого да се учи и научи. Како архивар во фармацевтската компанија ЗЕГИН имам можност да работам со различни видови на документи и информации. Мојата работа е одговорна за чување на документи и информации на компанијата, што е клучно за успешно функционирање на работата.

Ми се допаѓа живата атмосфера и отворениот дизајн на канцелариите што ја поттикнува комуникацијата и тимската работа, создавајќи чувство на заедништво меѓу колегите.

Section Image

Симона Стојановска

Сектор: Развој

Пред се, чест и задоволство ми е што ми се даде шанса да работам во една од најуспешните фирми како што е Зегин.

Пријатна работна атмосфера, отворена комуникација и одлични вработени и соработка.

Прекрасна менторка која несебично ми го пренесе знаењето и помогна за брзо адаптирање и за понатамошен раст.

Се восхитувам на посветеноста на компанијата за одржливост и развој на успехот и целите и одлично е да се види како тоа се рефлектира во вредностите и севкупниот успех.

Се надевам на долгогодишно искуство и работа во оваа фирма.

Section Image

Ангела Манеска

Сектор: Човечки ресурси

Вработувањето во Зегин е едно прекрасно, богато искуство за мене и сум навистина среќна и горда што пред 5 месеци станав дел од тим на Човечки ресурси кој е динамичен, отворен за соработка и ги следи сите потреби на вработените, градејќи работна средина која е посакувана за секого.

Како Бизнис Партнер за Човечки ресурси во малопродажба, се радувам на секојдневното запознавање на вработените во аптеките кои ја имаат најблагодарната професија во нашето општество – грижа за здравјето на пациентите, а особена чест е работењето на уникатниот проект “Зегин Младина” кој е ориентиран кон зголемување на задоволството на вработените и кариерна можност на идните фармацевти.

Ја препорачувам Зегин како компанија на секој кој има амбиција да стане дел од компанија со повеќе од 35 години искуство и динамичност.

Section Image

Отворени работни позиции

МЕДИЈА