Програмата ,,Моја Кариера Моја Иднина” е посебен дел од талент програмата ЗегИН Младина и истата има за цел унапредување на вработени кои во својот кариерен развој во Зегин се стекнале со повисока работна позиција и можност за усовршување. Акцентот на оваа програма е ставен врз лидерството како основа за градење на стабилни тимови со голем потенцијал, тимови кои ќе носат резултати и ќе влијаат на тоа Зегин да остане лидер на пазарот.
Вработените кои се дел од талент програмата и кои покажале интерес и амбиција за напредок во компанијата, добиваат целосна поддршка и можност да посетуваат дополнителни, функционални обуки на различни теми кои ќе бидат од корист да ги подобрат нивните вештини, потребни за моменталните работни позиции на вработените, а воедно ќе имаат влијание и врз нивната ефикасност и полесно завршување на тековните работни обврски.
Се стремиме да обезбедиме најдобро место за работа на своите вработени, активно работиме на зголемување на задоволството на вработените преку унапредувања, кариерен развој, бенефити и грижа за вработените во компанијата.