Нови аптеки – Тетово 7 и Скопје-Север

11.03.2024

Која е улогата на фармацевтот во Зегин aптеките?

Активното учество во проектот и симпозиумот СМАРТ Фармацевт кој е иновативен модел за поттикнување промени во образованието и практиката во фармацијата, нашите учесници – магистри фармацевти постојано ги усовршуваат компетенциите во комуникацијата со лекарите, како и за подигнување на квалитетот на услугата, постигнување клинички резултати за пациентите, рационална фармакотерапија, намалување на негативни ефекти, брза идентификација на проблемот и поголема проактивност. Овие компетенции ги подобруваат индикаторите за поголем квалитет во практиката, поголема следливост на пациентите и зајакната соработка со сите инволвирани страни.

Повисокиот стандард за фармацевтска грижа која го поставува проектот СМАРТ Фармацевт, со фокус на континуирана едукација која како компанија постојано ја следиме и професионалниот развој на фармацевтите, се во корист и на фармацевтите и на пациентите.

Нашите вработени – СМАРТ фармацевти се наши амбасадори на здравјето кои поставуваат стандарди во грижата со пациентите, промовирајки ја улогата и одговорноста према заедницата задржувајки го професионалниот иновативен пристап во своето работење.