Етички пристап кон работењето преку етичките норми и вредности се дел од нашето секојдневно работење. Се базираат на чесност, доверба, лојалност и интегритет и се одраз на нашата корпоративна култура. Вербата во нашите вредности е втемелена во работењето со нашите пациенти, партнери, вработени и во нашето функционирање на пазарот, а во исто време обезбедуваат дух на фер пристап со конкуренцијата.
Oдговорност преку одржливо одговорен бизнис и корпоративно саморегулирање интегриранo во бизнис модел. Со поставениот регулирачки механизам се следат усогласеноста со законските прописи, етичките стандарди и меѓународните норми. Одговорни сме за нашите акции и поттикнуваме позитивно влијание преку активности во животната средина, со потрошувачите, вработените, заедниците и сите други членови на општествената сфера.
Преку своето работење како активен чинител на квалитетот на здравствениот развој, се обврзуваме да ги исполниме и почитуваме сите релевантни закони и регулативи кои важат на ниво на Република Северна Македонија. Преку транспарентност во своето работење соработуваме со сите релевантни тела и институции, со цел да се надгледуваат преземените акции.
Преку иновативни пристапи, инвестирање во технолошки и дигитален развој, како и
континуирана едукација и грижа за вработените, ги инспирираме поединците и
заедницата кон благосостојба и здравје. На тој начин создаваме одржлив и сигурен
систем за грижа, доверба и репутација, раскажувајќи повеќедецениска приказна.
Наша мисија е да инспирираме и поттикнеме создавање на подобрo себе, со енергија
што досегнува до ѕвездите, знаејќи дека и Месечината е доволно високо.
Ние сме регионални лидери во фармацевтската индустрија, предводиме со иновативност, динамика и конструктивен пристап. Сплотени и обединети во тимска работа, користејќи тимска резонантност се стремиме кон зрело лидерство. Преку инспиративна визија, иновации и поддршка на клиентите, нудиме најнови производи, развој, еколошка свесност и одржливи вредности за заедницата, создавајќи успех и грижа за ранливите категории
Постоиме со генерации за нашите пациенти преку:
Зегин ДОО е прва приватна компанија регистрирана за продажба на лекови во Република Северна Македонија.
На иницијатива на г-дин Благој Механџиски, компанијата е основана во 1989 година.
ЗЕГИН започнува со само еден вработен. Денес, бројот на вработени е над 1300.
Во своите 35 години работа, ЗЕГИН ДОО постојано покажува одлични резултати и има континуиран развој. Денес таа е една од најуспешните компании во Република Северна Македонија и покрива 60% од фармацевтскиот пазар. Како резултат на својата успешна работа, во 2004 година ЗЕГИН ДОО го спроведува стандардот ISO 9001:2015, 14001:2015. ISO сертификат.
Успехот на компанијата се должи на доброто управување, стратегијата за развој врз основа на најсовремени светски достигнувања во оваа област, како и користењето на најмодерните компјутерски системи и соодветни компјутерски програми кои ги покриваат сите работни активности.
Хуманоста како гранка е карактеристична за компанијата Зегин уште од самите почетоци која продолжува да расте и да се развива.
Резултат на сето тоа е основање на Фондацијата Д-р Верица Механџиска која продолжува и понатаму со хуманата мисија да помага онаму каде што е најпотребно, следејќи ги чекорите и визијата, добрината и хуманоста кои самата Д-р Верица Механџиска ги поседуваше.