Стипендии

Фондација Д-р Верица Механџиска веќе долго низ годините е една од најзначајните карактеристики од целокупноста на компнанијата Зегин.

Секојдневната поддршка на стручните лица во фармацијата и усовршувањето на нивните знаења е од круцијално значење за општеството и нашите потрошувачи. Поради таа причина Д-р Верица Механџиска доделува целосни стипендии за преквалификација на асистенти за продажба и дошколување на фармацевтски техничари, кои ги исполнуваат условите да го полагаат државниот стручен испит за официјално да се стекнат со назив „Фармацевтски техничар” со уверение. Постојана поддршка добиваат и магистрираните фармацевти кои треба да го полагаат државниот испит за лиценца, осносно се доделуваат стипендии со кои се надоместува 50% од трошокот на кандидатот за полагањето за да се стекне со називот „Магистер по фармација со лиценца”.

Со цел поддршка на студентите, мотивирање на младите за учење и градењето на квалитетни генерации кои ќе продолжат да ја шират хуманоста во секојдневието, Зегин преку Фондација Д-р Верица Механџиска доделува и 10 (десет) стипендии на редовни студенти од социјално загрозени семејства запишани во прв и втор интегриран циклус студии на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” Скопје во академската 2023/2024 година.