Работното воведување преку специјализирани обуки и тренинзи се дел од визијата на компанијата Зегин како темел на идниот успех на процесот за обучување на ново вработени и постоечки вработени.
Во рамките на Тренинг центарот ќе се обучуваат новработенииот стручен кадар и останатиот кадар преку специјализирани програми и дигитални системски решенија за практична примена, со што ќе се овозможи стручно оспособување за краток период и нивен напредок во понатамошниот кариерен развој.
Тренинг центарот опфаќа 150 квадратни метри модерно опремен простор во чии рамки учесниците ги имаат сите услови да стекнат нови знаења преку теоретски и практични презентации водени од стручни лица обучени и сертифицирани да даваат ваков тип на обуки.