Програма Младина - #HUB Младина

ОВАА ПРОГРАМА ЌЕ ВИ ЈА ЗАБРЗА КАРИЕРАТА И ЌЕ ВИ ДАДЕ ДРУГА ПЕРСПЕКТИВА ЗА ИДНИНАТА!

Се разликуваме по нашата страст во работата, секој ден сме мотивирани да се движиме подалеку, постигнуваме повеќе!

Извонредноста не е чин, туку она што секојдневно го правиме!

Самиот проект Зегин Младина се состои од повеќе разгранети под-проекти во себе, и тоа:

  • “Зегин Сфера” и Тренинг Центар – интерна платформа за учење преку интерактивна содржина и тренинг центар кој е посебно наменет простор за развој на вработените, студентите и средношколците.
  • “Моја кариера моја иднина” Талент програма – развој на кариера преку обуки и усовршување за личен и професионален развој со признанија и наградни патувања за најуспешните во проектот.
  • “Oд клупа до кариера со е-учи СФЕРА”-  Програма за средношколци уште во текот на нивното формално образование.
  • “Студент” Студентска програма – Програма за студенти за учење преку интерактивна содржина, обуки и студенти бренд амбасадори.
  • “Летен клуб “ – Платена практикантска работа за средношколци и студенти преку менторство во реална и симулирана аптека во тренинг центар.

Програма за стипендирање преку Фондација Др. Верица Механџиска.

 

#Аплицирај #Вработи се #Учи преку игра #Патувај

Проектот претставува кариерна програма за нови и постоечки вработени преку иновативен и унифициран пристап на кариерен развој на транспарентност во процесите и следење на резултатите со признание и наградување.

Ги поддржуваме нашите вработени во своето кариерно патување, ја креираме новата генерација на млади професионалци, обезбедувајќи практичност во работата и постојана поддршка во работењето, преку разни проекти и програми за унапредување на работењето во делот на човечките ресурси.

Колегите кои беа посветени и постигнаа извонредни резултати, придонесоа да бидат меѓу најдобрите вработени во изминатиот период. Им доделивме признание и пакет аранжман со патување на различни дестинации по нивен избор.

На вистинското место си!