Оваа политика за приватност има за цел на јасен и транспарентен начин да Ве информира за собирањето, употребата, чувањето и обработката на личните податоци на посетителите на нашата веб страница, како и потрошувачите и корисниците на нашите услуги и продукти.
ШТО СЕ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?
Личен податок е секоја информација која што се однесува на Вас како физичко лице, на пример: име и презиме, единствен матичен број, телефонски број, податоци за локација, идентификатор преку интернет, податоци од финансиска природа како кредитна картичка за купување на одредени производи, односно личен податок е секоја информација преку која одредено физичко лице може да се идентификува директно или индиректно.
КОЈ Е ОДГОВОРЕН ЗА ОБРАБОТКАТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ?
Зегин ДОО, Скопје со седиште на ул. Народен Фронт бр.5-3/1, како сопственик на домеинот, zegin.com.mk е заеднички контролор заедно со други компании во Зегин групацијата (МОЈА АПТЕКА Скопје, ЗЕГИН ФАРМ Скопје, Фондација Др. Верица Механџиска, ЗЕГИН МЕДИКА ДООЕЛ Скопје, ЗЕГИН ХЕЛТИ ФУД Скопје, Зегин Фарм Ортопедик ДОО) до кои може да бидат доставени Вашите лични податоци, а со цел да се реализира односот со Вас и да одговориме на Вашите барања.
Доставувањето на било каква информација или содржина од страна на Вас како субјект на личните податоци (во понатамошниот текст Корисник) е доброволно и е предмет на Условите за користење кои се составен дел на оваа Политика за приватност (во понатамошниот текст “Политика”).
Со Политиката се уредува правото на приватност и сигурност на личните податоци кои се предмет на обработка. Ве молиме прочитајте ја Политиката и повремено проверувајте ја истата бидејќи го задржуваме правото да ја менуваме согласно нашите активности и настанати промени.
Доколку имате прашања во врска со точките што се опфатени со оваа Политика, слободно можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци, Марија Пешевска-Станишиќ на следниот email: marija.stanisic@zegin.com.mk и/или на телефонскиот број 02/3241-677.
Со Вашата регистрација и најавување на нашата веб страна, изјавувате дека сте запознаени и согласни со содржината на нашата Политика на приватност.
Подетално Упатство за регистрација на нашата веб страна имате на следниот линк.
Исто така имате опција и да го избришете Вашиот профил. Подетално Упатство за дерегистрација има на следниот линк
ЧИИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ СОБИРАМЕ?
Ние можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:
КОИ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ГИ ПРИБИРАМЕ?
Податоци за идентификација: име, презиме, телефонски број, е-пошта, адреса за достава.
Податоци за корисничкиот профил: корисничко име и лозинка, направени нарачки, податоци за нарачката, преференци.
Податоци од посета на веб страницата: информации за веб-страници на веб-сајтот кои ги посетил Корисникот, веб-страници кои го пренасочиле Корисникот на zegin веб-страницата, веб-страници кои Корисникот ги посетил преку линкови кои се презентирани на zegin веб-страницата, датум и време на тие посети, IP адреса на корисникот/ IP адреса од уредот-компјутерот/таблет/телефон од каде се прави порачката, тип на интернет прелистувачот што го користи Корисникот, клучни зборови кои ги користи Корисникот при пребарување на zegin директориумот, бројот на корисници кои го виделе интернет огласот (банерот) на zegin веб-страницата, бројот на кликнувања на интернет огласите (банерите) на zegin веб-страницата.
Податоци од финансиска природа: Ние може да имаме пристап до информациите за наплата, како на пример, пристап до видот на платежната картичка, датум и време на трансакцијата, износ на трансакцијата, ограничен дел од бројот на картичката (на начин што е генерално дозволен од издавачите на платежни картички), податоци за нарачката, идентификациски број на нарачката.
Овие податоци исто така ќе бидат собрани и обработени од страна на нашите доверливи добавувачи како трети страни (НЛБ Тутунска Банка), во согласност со условите и правилата на нивните политики за приватност и условите за користење.
При спроведување на нарачките, кога ќе ги внесете Вашите лични податоци, авторизацискиот процес на виртуелниот ПОС терминал се префрла на портал на процесинг центарот на НЛБ Банка, каде Вие ги внесувате потребните податоци за картичката: име и презиме на корисникот на картичката, број на картичката, сигурносен код и дата на истекување на картичката, со цел спроведување на авторизирање на трансакцијата.
Вашите лични податоци ние ги обработуваме во согласност со позитивните законски прописи во Република Северна Македонија.
ОД КАДЕ СЕ СОБИРААТ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?
Личните податоци се собираат директно од Вас, кога се регистрирате како Корисник, кога рализирате нарачки, кога се согласувате за добивање на маркетинг понуди (newsletter), преку Вашето користење на нашата веб страна, преку нашиот email: zeginonline@zegin.com.mk или кога на друг начин комуницирате со нас.
ЗА КОЈА ЦЕЛ ГИ КОРИСТИМЕ ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ?
ПРАВЕН ОСНОВ ЗА ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Секогаш кога ги обработуваме Вашите лични податоци, ние за таа обработка имаме правен основ. Правниот основ за обработката на Вашите лични податоци може да биде:
КОЈ МОЖЕ ДА ИМА ПРИСТАП ДО ПОДАТОЦИТЕ?
Прво сакаме да нагласиме и да бидеме јасни дека ние не ги продаваме Вашите лични податоци. Ние можеме да ги споделиме Вашите лични податоци во рамки на групацијата на ЗЕГИН ако тоа е потребно за исполнување на погоренаведените цели, а врз основа на склучен договор во кој се меѓусебно регулирани нашите законски обврски и одговорности во врска со заштитата на личните податоци.
Пристапот секогаш ќе се контролира врз основа на need-to-know basis, и ќе се обезбеди само таму каде што е неопходно за да Ви ги обезбедиме бараните услуги или за да ни дозволите да ги извршуваме сите неопходни или легитимни функции. Каде што е дозволено, ние исто така може да споделиме некои од Вашите лични податоци, вклучувајќи ги и податоците собрани преку колачиња, за да ги усогласиме и ажурираме информациите што ги споделувате со нас, да изведуваме статистика врз основа на Вашите карактеристики и да ги прилагодиме нашите комуникации за Вас.
Вашите лични податоци исто така може да бидат обработувани во наше име од страна на нашите доверливи добавувачи (трети страни).
Ние се потпираме на доверливи трети страни за извршување на низа деловни операции во наше име. Ние им ги доставуваме само потребните информации за извршување на услугата и бараме тие да не ги користат Вашите лични податоци за која било друга цел. Ние секогаш правиме најдобри напори за да се осигураме дека сите трети страни со кои работиме ќе ги чуваат Вашите лични податоци безбедни. На пример, можеме да им довериме услуги што бараат обработка на Вашите лични податоци на:
Нашиот однос со третите страни е уреден врз основа на правно обврзувачки договор со кој е регулирано дека се преземени соодветните мерки на безбедност и сигурност на Вашите лични податоци.
ПРЕНОС НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Личните податоци нема да се пренесуваат во трети држави надвор од Европската Унија или Европскиот економски простор.
Во случаите кога Групацијата Зегин пренесува лични податоци во трети држави надвор од границите на Европската Унија или Европскиот економски простор преземаме соодветни мерки да осигураме дека при преносот се применува соодветно ниво на заштита на личните податоци, преку склучување на договори за обработка на личните податоци (стандардните договорни клаузули издадени од Европската Комисија или од Агенцијата за заштита на личните податоци, други договорни клаузули или заштитни механизми).
КОЛКУ ВРЕМЕ ЌЕ СЕ ЧУВААТ ПОДАТОЦИТЕ?
Ние ќе ги чуваме Вашите лични податоци, онолку колку што е потребно за да можеме да Ви ја обезбедиме побараната услуга/и или за да ги задоволиме комерцијалните и законските обврски. За да го определиме периодот на задржување на Вашите лични податоци, земаме во предвид неколку критериуми за да се осигураме дека не ги чуваме Вашите лични податоци подолго од потребното. Тие критериуми се следните:
Ние особено задржуваме одредени лични податоци за следните периоди:
Кога повеќе нема да имаме потреба да ги користиме Вашите лични податоци, истите ќе бидат отстранети од нашиот систем и евиденција, или ќе бидат анонимизирани за повеќе да не можете да бидете идентификувани преку нив.
ПРАВА НА СУБЈЕКТИТЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ
Вие како субјекти на лични податоци ги имате следните права:
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот Офицер за заштита на личните податоци Марија Пешевска-Станишиќ на следниот e-mail: marija.stanisic@zegin.com.mk и/или на телефонскиот број: 02/3241-677.
Барања за остварување на правата на личните податоци:
Образец бр.1 – Барање за пристап до личните податоци
Образец бр.2 – Барање за исправка на личните податоци
Образец бр.3 – Барање за бришење на обработката на личните податоци
Образец бр.4 – Барање за ограничување на обработката на лични податоци
Образец бр.5 – Барање за пренос на личните податоци
Образец бр.6 – Барање за повлекување на согласноста за обработка на личните податоци
Образец бр.7 – Приговор на обработката на личните податоци
КОИ ПОДАТОЦИ СЕ ЗАДОЛЖНИТЕЛНИ, А КОИ ОПЦИОНАЛНИ?
Податоците кои се неопходни за реализација на нарачките и платежните операции се задолжителни, во спротивно нема да може да се изврши нарачката.
АВТОМАТИЗИРАН ПРОЦЕС НА ОДЛУЧУВАЊЕ, ПРОФИЛИРАЊЕ
Ние може да употребуваме автоматизиран процес на донесување на одлуки, вклучувајќи и профилирање во процесот на обработка на Вашите лични податоци врз основа на претходно дадена согласност за маркетинг активности. Ние може да ги анализираме Вашите лични податоци врз основа на демографски податоци, податоци од пребарување, историја на купувањe. Врз основа на оваа анализа, ние можеме да Ви дадеме одредена понуда за одредени производи.
Доколку имате било какви прашања во врска со автоматското донесување на одлуки, можете слободно да не контактирате преку податоците за контакт на Офицерот за заштита на личните податоци наведени погоре.
ПРАВО НА ПРИГОВОР ДО АГЕНЦИЈАТА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ
Вие имате право да поднесете приговор до Агенцијата за заштита на личните податоци (АЗЛП) против обработката на Вашите лични податоци доколку сметате дека Ви е повредено правото на заштита на личните податоци. Ова право можете да го остварите преку поднесување на Барање до АЗЛП, преку следниот контакт email: info@privacy.mk или со посета на нивната веб страна: https://dzlp.mk/prizlnlp.
ПРОМЕНА НА ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.
Март, 2024