Работното воведување на новите вработени претставува процес на обезбедување насоки, инструкции и едукација на луѓето кои неодамна почнале со работа во Зегин. Компаниската структура, култура, процедури за работа, работни обврски, алатките за работа и луѓето со кои ќе работат, се дел од насоките што ќе ги добијат новите вработени, со цел полесно и побрзо прилагодување на новото работно место.
Еден од најпрактичните начини на обука со кои кандидатите за вработување и новите вработени ќе имаат можност да се сретнат е специјално креираната платформа за гемификација – ,,учење преку игра’’, преку која на интересен, забавен и уникатен начин ќе може да се стекнат нови знаења од областа на фармацијата и асортиманот на производи што го нудиме.
Со оглед на тоа што фармацијата е обемна индустрија и постојано менлива, а ние сме насочени кон тоа да ги следиме фармацевтските трендови, најдобар начин младите кадри да се стекнат со дополнително знаење е платената пракса и постојаната поддршка од поискусните вработени. Вработените имаат можност полесно да ги совладаат работните предизвици работејќи директно во работната средина, користејќи ги сите потребни алатки за извршување на работните обврски. На овој начин вработените се конкретно насочени кон одредена цел и решаваат одредени предизвици.
Примената на докажаните начини за развој на поддршка на новите вработени и доквалификација на истите е она што не поттикна да воведеме менторска програма „Мој Ментор”, која има за цел нововработениот да се поврзе со неговиот ментор. Целта е менторот да му споделува совети, да го насочува и да му помага во полесно совладување на работниот материјал и полагање на завршниот стручен испит. Менторскиот процес е динамичен и интерактивен процес на заедничко учење кое ќе се реализира во подолг временски период и ќе се одвива во неколку чекори:
На средина и на крајот од менторската програма, се прави задолжителна евалуација на кандидатот и менторското работење на менторот, врз основа на која се донесува одлука за понатамошен тек на менторскиот процес.
За време на менторската програма ќе биде потпишан договор помеѓу компанијата/менторот и менторираното лице.
Сертифицираните академии и обуки се исто така неизоставен дел од процесот на обучување на нови вработени, кои се спроведуваат од страна на тимот професионалци на Зегин. Преку тренинг центарот се гарантира успех во работењето и запознавање со последните трендови и промени во фармацијата.