Менторскиот процес е динамичен и интерактивен процес на заедничко учење кој се реализира во подолг временски период и се одвива во неколку чекори.
Тим од нашите фармацевти, фармацевтски техничари и асистенти на продажба ја креираа менторската програма која претставува нивен личен придонес за успешен ефективен менторски модел.
,,Обука за Добредојде” од сектор за ЧР;
Ќе го откриете нашиот бизнис преку серија работни задачи. Нашиот стратешки поглед е учење преку тест околина и програма наменета за лесно и брзо воведување во работата.
Учење од другите
Ќе добиете менторство од големи професионалци, ќе добиете обука и повратни информации за истата. Посветени на успехот, вие секојдневно ќе комуницирате и учите од вашите колеги и ќе добиете ментор – пријател кој ќе ви помогне да се движите низ вашето ново патување.
Формално учење
Ова патување преку менторство е да ја развиеме нашата следна генерација на успешни вработени. За таа цел го имаме нашиот формален Тренинг Центар и преку разни програми, ментори и обучувачи ќе добиете вредни сертификати за успехот во вашата кариера.
Нашиот модел на учење и брзите резултати ја дефинираат нашата слика за успехот.
Спроведува периодичен преглед за процесот на евалуација.
Во текот на целиот менторски процес, менторот треба да се стреми менторираното лице да биде подготвено успешно да го положи стручниот испит.