Марија Коцевски Зафировски

18.07.2024

Како се одвиваше развојот во текот на твојата долгогодишна кариера во Зегин ?

Мојата кариера во Зегин започна пред 21 година. Кога почнав да работам бев на студии на Фармацевтскиот Факултет Кирил и Методиј последна година со преостанати  5 испити , и се вработив на позиција Фармацевтски Техничар (имав завршено средно фарм.училиште).

Како секој млад студент намерата ми беше да видам и научам што значи да си од другата страна на шалтерот во услуга на потребите на пациентите, а сонот ми беше да работам во лабораторија (аналитика и испитување на лекови). Не бев свесна што ме очекува, и дека оваа работа не е само долг пат по кој што ќе чекорам и ќе се соочувам со различни предизвици, туку скалило по кое ќе се искачувам секој ден се повисоко и повисоко. Почетоците беа предизвикувачки  за мене, постојано осознавав и учев нови работи од  најдобрите “ментори” (барем јас така ги чуствував колегите кои што максимално се посветија на мојата обука)  работата во официната и секојдневното  учење за грижата на пациентите, и нивните потреби. Возбудата и предизвиците постојано растеа  во мене. По завршувањето на факултетот и  2 години искуство стекнато во аптеката ме назначија како раководител на Аптека. Низ годините постојано го надоградував моето знаење и се едуцирав на различни теми поврзани со фармацијата и новите производи кои излегуваа на пазарот за продажбата во аптека. Велат дека упорноста секогаш се исплати тоа можам да го потврдам  со моето стекнато долго годишно искуство и работа во Зегин. Мојот следен кариерен напредок и унапредување беше  одговорноста за 10 подружници- аптеки на работна позиција Регионален  Раководител , каде бев одговорна за повеќе подружници и тимови ,организација и нормален тек на работата и вработените во аптеките. Во моментов сум  на работна позиција Регионален  Менаџер и имам поголема одговорност  за 17 подружници-аптеки. Позади секое мое унапредување следеше професионална обука од компјутерска подршка, континуирани тренинзи со високо квалификувани фирми за подржување на компаниите со користење на современи концепти и техники за управување, за постигнување на посакуваната реалност, зголемувајќи ја креативноста и самооткривањето, обуки за лидерство, Невро-лингвистичко програмирање (НЛП).

Раскажи ни за Зегин Младина – менторското обучување на новите вработени ?

Оваа година веќе е изработена Менторската  програма “Зегин младина” со специјален Менторски центар на обука, за сите млади со завршено средно или високо фармацевтско образование, а ќе бидат водени од лиценцирани Ментори кои што учествуваа и во изработката на оваа програма. Ова  претставув аеден сосема поразличен и уникатен систем за работување на кандидати, нов начин за стекнување на искуство и знаење,  унапредување на вештините на кандидатите со или без работно искуство, за кое што јас посебно се радувам и кое доколку постоеше кога јас започнував многу ќе ми олеснеше.

Што претставува за Зегин учеството на СМАРТ Фармацевт,  обуките кои фармацевтите ги посетуваат ?

Нашата фирма постојано ги следи сите светски фармацевтски трендови и стручни обуки како што се СМАРТ фармацевтските обуки , кои  се однесуваат на подигање на грижата за фармацијата наследното ниво, фокусирајќи се на личниот и професионалниот раст. Програмата е наменета за фармацевти кои работат во аптека и треба да поседуваат врвно знаење, вештини за донесување одлуки, повисока концентрација, приспособливост, одлична комуникација и емотивна стабилност.

Дали постои систем на признание и наградување на вработените?

Покрај грижата за пациентите , исто многу важна е и грижата за вработените. Годинава покрај многубројните признанија и финансиски награди , Зегин организираше наградно патување за најдобрите 15 избрани вработени кои постигнаа солидни резултати во изминатата 2023. Вработените  кои беа дел од ова шест дневно наградно патување  имаа можност да ги посетат и осознаат убавите предели на Италија “Тоскана и Чинкве Тере’’. Можност за учество на ова наградно патување имаа вработените од малопродажба – аптеки, магацин – логистика, онлајн шоп и комерција.  Чувството е непроценливо кога вложениот труд има некој што го препознава и наградува, раскажуваа за ова искуство нашите вработени. Им благодариме на сите колеги кои постигнаа резултати и беа дел од ова наградно патување кое ги зближи и сплоти вработените и уште долго ке се зборува за убавите спомени во Италија.  Искрено верувам  дека ова ке прерасне во една убава традиција во иднина за наградување на успешноста на вработените.

Зошто Зегин?

Ако го сакаш најдоброто за себе несомненено одбери ја компанијата Зегин..