Рачен пакувач

Опис на работата и работните задачи:

  • Пакување на производи во кутии наменети за аптеки согласно ВМС системот користејќи безжични апарати за следење што треба да се спакува и евидентира согласно нарачките во системот
  • Обезбедува спакуваните кутии по аптека да бидат соодветно наполнети со производи во согласност на нарачката во системот и да бидат поставени на локацијата наменета за тоа во рамките на магацинот
  • Гарантира соодветно евидентирање на декларациите со апаратот од местото од каде го подигнал производот за да го спакува во кутијата наменета за аптеката за која го работи поставената фактура во системот, а која ја гледа во системот преку неговиот апарат
  • Водење грижа за безбедна и чиста работна средина, полици, палети и сл
  • Вршење на сродни задачи

Квалификација:

  • ССС/ ВСС

Специфични барања:

  • Претходно искуство ќе се смета за предност
  • Познавање и користење на опрема за складирање
  • Логичко размислување
  • Самостојност во работата
  • Високо ниво на одговорност, прецизност, посветеност
  • Комуникативност, доверливост, тимски работник
  • Физичка издржливост

Што нудиме:

  • Плата 30.000 + бонус
  • Можност за професионален развој и надоградба