Донација - СОС Детско село

Вистинските пријателства се цврсти и искрени, полни со љубов, разбирање и хуманост.

Долгогодишното пријателство помеѓу Фондацијата Др.Верица Механџиска, Компанијата Зегин и С.О.С Детско село придонесе оваа година штитениците од  С.О.С  Детско село да уживаат во летниот камп во Охрид и во безгрижните денови исполнети со многу игри, песни и радост.

Малите и поголеми членови од ова убаво и големо семејство пред почетокот на училишната година уживаа во десетдневна релаксација и уживање покрај вода, подготвени за нов и свеж почеток на новата успешна училишна година.

“Хуманоста како гранка која е карактеристична за Зегин уште од самите почетоци продолжува да расте и да се развива преку нашата Фондација. Соработката со С.О.С Детско Село ќе продолжи и понатаму и се надеваме дека заедно ќе изреализираме уште многу успешни проекти,зашто секое дете заслужува среќа”, ни изјавија сопственичките на Компанијата Зегин и Фондацијата Др. Верица Механџиска, Викторија и Христина Механџиски.

Section Image