Работењето во Зегин им нуди можност на сите вработени да се стекнат со искуство и да ги развиваат своите вештини во една модерна организација која брзо се менува и која влијае на целото општество. Зегин ја буди иницијативата на вработените постојано да учат нешто ново поврзано со фармацевтската индустрија, активно да земат учество во работната средина споделувајќи креативни идеи за работењето во една стимулативна и поддржувачка средина.
Нашиот успех, постоење и функционирање повеќе од три децении, се должи на професионалниот и посветен персонал, доброто управување и стратегија за развој која се базира на најсовремените светски достигнувања. Поради тоа вработувањето во Зегин е повеќе од одлична можност за кариерен развој.
Со најдобра инфраструктура и најголема дистрибутивна мрежа, секогаш сме во потрага по талентирани професионалци кои сакаат да станат дел од нашето професионално семејство. Обрнуваме големо внимание во изборот на најсоодветни кандидати од најразлични профили, кои ќе се придружат на нашите постоечки успешни тимови.
Во согласност со стратегијата за постојан раст и унапредување, го задржуваме правото, доколку се јави потреба за нов, таленитран и мотивиран кадар во текот на годината, да ги контактираме заинтересираните кандидати.