Етички пристап кон работењето преку етичките норми и вредности се дел од нашето секојдневно работење. Се базираат на чесност, доверба, лојалност и интегритет и се одраз на нашата корпоративна култура. Вербата во нашите вредности е втемелена во работењето со нашите пациенти, партнери, вработени и во нашето функционирање на пазарот, а во исто време обезбедуваат дух на фер пристап со конкуренцијата.
Oдговорност преку одржливо одговорен бизнис и корпоративно саморегулирање интегриранo во бизнис модел. Со поставениот регулирачки механизам се следат усогласеноста со законските прописи, етичките стандарди и меѓународните норми. Одговорни сме за нашите акции и поттикнуваме позитивно влијание преку активности во животната средина, со потрошувачите, вработените, заедниците и сите други членови на општествената сфера.
Преку своето работење како активен чинител на квалитетот на здравствениот развој, се обврзуваме да ги исполниме и почитуваме сите релевантни закони и регулативи кои важат на ниво на Република Северна Македонија. Преку транспарентност во своето работење соработуваме со сите релевантни тела и институции, со цел да се надгледуваат преземените акции.
Здравјето и благосостојбата се симбол на препознатливост на нашата компанија, каде што со доверливост и грижа секој поединец го добива професионалниот пристап, фер третман од нашите фармацевти и вработени со најдобрата палета на производи и иновативниот пристап преку нашиот развоен модел на делување.
Здравје, Едукација, Грижа, Иновација, Надеж – НИЕ СМЕ ЗЕГИН !
Нашите врвни приоритети се симболи на нашето име. Гордо го носиме печатот за квалитет и стандард и со тоа придонесуваме кон поздрава и посреќна заедница, здрава младина и посреќна иднина!
Постоиме со генерации за нашите пациенти преку:
Зегин ДОО е прва приватна компанија регистрирана за продажба на лекови во Република Северна Македонија.
На иницијатива на г-дин Благој Механџиски, компанијата е основана во 1989 година.
ЗЕГИН започнува со само еден вработен. Денес, бројот на вработени е над 1300.
Во своите 35 години работа, ЗЕГИН ДОО постојано покажува одлични резултати и има континуиран развој. Денес таа е една од најуспешните компании во Република Северна Македонија и покрива 60% од фармацевтскиот пазар. Како резултат на својата успешна работа, во 2004 година ЗЕГИН ДОО го спроведува стандардот ISO 9001:2015, 14001:2015. ISO сертификат.
Успехот на компанијата се должи на доброто управување, стратегијата за развој врз основа на најсовремени светски достигнувања во оваа област, како и користењето на најмодерните компјутерски системи и соодветни компјутерски програми кои ги покриваат сите работни активности.
Хуманоста како гранка е карактеристична за компанијата Зегин уште од самите почетоци која продолжува да расте и да се развива.
Резултат на сето тоа е основање на Фондацијата Д-р Верица Механџиска која продолжува и понатаму со хуманата мисија да помага онаму каде што е најпотребно, следејќи ги чекорите и визијата, добрината и хуманоста кои самата Д-р Верица Механџиска ги поседуваше.