СМАРТ Фармацевт е проект со мултидисциплинарен пристап кој преку континуирана едукација на фармацевти и лекари, ја истакнува и и интензивира фармацевтската грижа кон пациентите. Проектот има огромно значење за мене, бидејќи е носител на големи реформи во поставеноста на нашиот здравствен систем.
Јас, како фармацевт кој им посветува целосно внимение и здравствена поддршка на пациентите, со огромен ентузијазам се посветив на целиот проект, што ме донесе до позиција на СМАРТ Координатор за Зегин.
Kако Координатор, задоволство и чест ми е да работам со огромен број на фармацевти, и фармацевтски техничари кои покажуваат интерес и желба за стекнување со нови знаења и вештини, а со тоа и издигнување на нашата професија на многу повисоко ниво.
Со реализирање на проектните задачи од едукациите кое се дел од проектот Смарт Фармацевт, го трасираме патот на успешно спроведена фармацевтска грижа од целиот стручен тим во аптеките. На тој начин се зголемува задоволството и успешноста на третман кај пациентите, со што се подобрува нивната здравствена состојба и квалитетот на животот.
Целта на проектот е во иднина пациентите да го бараат својот СМАРТ ФАРМАЦЕВТ, во својата матична СМАРТ АПТЕКА.