Want to start your career at Zegin?

  • Follow our useful tips for a successful hiring process! Hmmm… I want to get a job but I don’t know how to create my CV…

СОВЕТИ ОД НАС, КАКО УСПЕШНО ДА КРЕИРАШ КРАТКА БИОГРАФИЈА:

  • Имајте јасна структура: Започнете со лични информации кои ќе бидат концизно напишани;
  • Подредете ја вашата академска и работна историја во обратен хронолошки редослед – прво започнете со последната;
  • Истакнете ги вашите вештини и способности и истите да соодветствуваат со работната позиција за која аплицирате;
  • Внимавајте на вашите граматички и печатни грешки;
  • Одберете соодветен формат кој ќе ги содржи главните информации;
  • Не користете премногу бои и дизајни – направете ја Вашата биографија јасна и читлива.

Доколку немате шаблон кој би можеле да го искористите, применете го нашиот шаблон во продолжение:

Пополнете го вашете CV овде

ТВОЈАТА БИОГРАФИЈА Е РАЗГЛЕДАНА И ШТО Е СЛЕДЕН ЧЕКОР? ИНТЕРВЈУ!

После прегледот на сите биографии следен чекор е интервју. Тука сме ние за да ти помогнеме како да го поминеш успешно процесот на интервју (разговор за работната позиција). Еве неколку важни совети како да ги примените за време на интервјуто:

  • Бидете позитивни и смирени
  • Слушајте внимателно, секое прашање пробајте добро да го разберете пред да го одговорите
  • Не прекинувајте го соговорникот и кога имате важни поенти
  • Одговарајте кратко, јасно, структуирано по прашањата
  • Следете го соговорникот внимателно, не се оддалечувајте од темата и прашањето
  • НЕ зборувајте за лични проблеми, тоа е Ваш личен живот
  • Покажете позитивен говор на телото, одржувајте контакт со очи, смејте се умерено и зборувајте јасно
  • Потенцирајте ги вашите квалитети, искуство и достигнувања поткрепени со практични примери
  • Бидете опуштени и покажете дека сте сигурни во самите себе
  • Покажете добри манири на учтивост и заблагодарете се на можноста
  • Пред интервјуто задолжително прочитајте за компанијата, посетете ја веб страната и информирајте се што повеќе за неа (историја, проекти, позиции итн.)

 

ДАЛИ ЗНАЕТЕ ДЕКА ИМА 5 НАЈВАЖНИ ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНА КОМУНИКАЦИЈА ВО ПРИВАТНАТА И ДЕЛОВНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

  1. Активно слушање – разбирањето на соговорникот е клучен фактор во комуникацијата
  2. Ефективна вербална комуникација – јасно изразете ги идеите користејќи соодветен јазик и интонација
  3. Емпатија – Поврзете се емотивно со другите преку разбирање и сочувство
  4. Невербална комуникација – Усовршете го говорот на телото и гестовите
  5. Прилагодливост – Прилагодете го вашиот стил на комуникација, обидете се да ја разберете културата на компанијата и покажете зошто би биле идеалниот кандидат!

Овие совети ќе ВИ помогнат да оставите одличен впечаток пред вашите соговорници.

НЕ ГО ГЛЕДАТЕ МОМЕНТАЛНО ПОСАКУВАНОТО МЕСТО?

Притиснете на база на податоци и таму испратете ни го вашето CV, доколку се отвори позиција којашто прилега на вашите квалификации, ќе бидете исконтактирани. Аплицирајте на Оглас за надополнување на база на кандидати.

 

СРЕЌНО ПАТУВАЊЕ ВО ВАШАТА ЗЕГИН КАРИЕРА !